Уплатиле за летување од соништата, а потоа сфатиле дека хотелот е 400 километри оддалечен од плажата

ПИШУВА: ТОЧКА

Онлајн агенција за патување на овој пар им продал патување на Кефалонија - кое вклучувало сместување 400 километри подалеку од Кефалонија, на сосема друг остров.

Кефалонија е домот на неколку од најдобрите плажи во Грција - но не дека Лингер би имала време да ги разгледа.



Во потврдата пишувало дека парот резервирал "лет и хотелско сместување за седум ноќевања на Кефалонија", но подолу е наведено дека Полин Лингер, која ја извршила резервацијата напишала - "со престој во хотел Скала кој е лоциран на Патмос."



Патмос се наоѓа во Егејското море, близу до границата со Турција, додека Кефалонија се наоѓа во Јонското море.

Тоа значи дека парот од Велика Британија откако ќе слета, би требало да тргне на седумчасовен пат за да се чекира во хотелот.



Госпоѓа Лингер додека гостувала во една емисија изјавила дека таа не била во можност да контактира билокого од порталот и тоа 48-часа пред патот. Дури во последниот час ѝ биле рефундирани парите откако британскиот "Independent" објавил статија за ова.



Компанијата вината ја свела на "техничка грешка" и му се извиниле на парот.

No comments

Powered by Blogger.