Грозно понижување на сиромашен ученик во САД: На 4-годишно девојче му го земале млекото бидејќи немало да го плати, детето заминало во солзи - и не е единствено

Пишува: Точка

Асистентот во училиште во Кејлин во Тексас, Келвин Холт, забележал дете кое во текот на послужувањето на ручекот во школксата трпезарија речиси се сокрило на крајот на редот.

"Благајничката на девојче од 4 години му кажа "немаш пари", му ја зема тацната на која беше млекото во тетрапак и ја фрли во канта. Девојчето не се бунеше, само си замина во солзи", го раскажал инцидентот од минатата година за AP.


Холт е само еден од бројните кои се борат против моменталната политика во школските кујни ширум САД, за која сметаат дека ги понижува децата на разни начини.

Американското министерство за земјоделство се обидува да ја натера власта да најдат друг договор со училиштата.

"CNBC" известува за Ново Мексико, една од државите кои одлучиле постепено да ги укинат понижувачките мерки со кои се посрамотуваат деца пред своите врсници.

За почеток, некои училишта одлучуваат дека децата кои имаат "долг" и натаму ќе може да јадат во школската кантина, додека со родителите се преговара за плаќање на сметката.

Програмата "National School Lunch" им обезбедува бесплатни оброци на најсиромашните деца, но само ако се од 4-члено семејство во кое годишно се остваруваат помалку од 32.000 долари. Ако семејството има помалку 45.000 долари годишни приходи, децата добиваат попуст за храна.

Многу училишта, за да ги намалат трошоците поради децата кои не можат да си дозволат храна, оброците ги заменуваат со поевтина, и недоволно квалитатна храна за децата. Шест проценти од училиштата воопшто не служат храна на деца кои не платиле.

Калифорнија против тоа се изборила така што изгласала за забрана на деца кои немаат пари да им се ускрати јадењето, но борбата со овој проблем е само на почетокот. Тексас вовел грејс период за плаќање.

Повеќето држави се обидуваат цената на оброк да ја држат на 3,20 долари.

No comments

Powered by Blogger.