Претпладне сончево, попладне дожд и температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.



Дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во Скопската котлина со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.

До крајот на месецот ќе продолжи периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи.

No comments

Powered by Blogger.