Предупредување од Австрија: "На Балканот гледаме исламизација од која нè лазат морници"

Пишува: Точка

Австрискиот министер за одбрана, Ханс-Петер Доскоцил, предупредува од опасноста од растечкото влијание на исламот во земјите од југоистична Европа.

"Гледаме исламизација на Балканот од која не лазат морници", вели овој влијателен политичар од редовите на австриските социјал-демократи за германски Die Welt и додава дека таквиот развој на ситуацијата е загрижувачки.

"Силата и влијанието на ЕУ на Балканот бледее, додека од друга страна Турција и Саудиска Арабија го шират своето влијание", вели Доскоцил и додава дека официјална Анкара е се повлијателна на Косово, во Албанија и во Србија.

"По мое мислење, на Турција повеќе не смее да и се дозволува да праќа своите нови трупи во рамките на мисиите на Балканот", наведува австрискиот министер, сметајќи дека нивното преголемо групирање не е во интерес на Европејците.



"Германија и другите земји не смеат да ја намалат својата посветеност на Балканот, бидејќи тоа може да ја вознемири кревката демократија и рамнотежа на силите во регионот", нагласува Доскоцил.

Австрија, која не е членка на НАТО, моментално во рамките на програмата "Партнерство за мир" има околу 700 свои војници во НАТО мисиите на Балканот. Меѓутоа, откако Анкара го блокирала понатамошното учество на Австрија во оваа програма поради острите критики на Виена на сметка на турската влада, тој број на подолг рок би можел да се намали. Има показатели дека токму Турција би можела да ја пополни таа празнина.

Балканот веќе неколку денеции за ЕУ претставува природно поле на влијание. Меѓутоа, Европа слабее потпомогната од САД. Постоечкиот систем полека се распаѓа, а новите играчи имаат практично веќе една нога во полето на балканскиот регион и го шират своето влијание се повеќе и повеќе, објавува германски Die Welt.



Весникот потсетува дека Турција се обидува да го освои срцето на жителите во регионот со обновувања на џамии во Босна и на Косово, во Сараево и Бања Лука, како и Призрен и Приштина, додека истовремено нејзините инвеститори вложуваат во Босна и на југот на Србија. На Косово, турски компании се присутни во прехранбената индустрија, изградба на патишта и во енергетскиот сектор. Во Албанија исто така се шири влијанието на Турција.

Финансиска помош во милијарди долари со години од ЕУ доаѓа на Балканот. Иако Унијата е убедливо најголем донатор, тоа не е така во свеста на жителите на регионот, пишува германскиот весник кој потсетува дека ЕУ уште во 2003. година им ветила на земјите од Западен Балкан дека ќе станат членки на ЕУ, еден ден.



"Многу земји се разочарани бидејќи процесот на преговарање е тежок. Од друга страна, од Брисел повторуваат дека Балканот мора поефикасно да се бори со корупцијата и да изврши кредибилни реформи", заклучува Die Welt.

Весникот додава и дека покрај Турција, своето влијание дополнително го шири и Русија и тоа тврдење го поткрепува со извештајот на руски Sputnik, кој во март објавил дека "Балканот повеќе не го слуша Брисел".

No comments

Powered by Blogger.