Во Сибир 37 степени: Пеколно лето ја запали Европа, најголеми горештини во последните 15 години!

ПИШУВА: ТОЧКА

Поголем дел од Европа денес се препотува, но тоа е само почеток на топлотниот бран, најголем од 2005. година во Франција. Лондон се подготвува за најтоплиот ден од 1976. година, додека Португалија се бори со убиствени пожари.

Во Франција, топлотниот бран без преседан, кој започнал во неделата, би требало да го достигне својот врв утре, а денес таму се очекуваат 37 степени. Властите препорачале мерки за најзагрозените, пред се за постарите.

Во Париз и предградијата, парковите се отворени 24 часа. Горештините предизвикале загадување на воздухот, посебно во југот на Франција и на подрачјето на Париз, па воведени се ограничувања во сообраќајот. Земјоделците се внимателни, посебно поради тоа што две третини од подземните води се необично ниски.



Во Португалија повеќе од илјада пожарникари уште се борат со пожарот во централниот дел на земјата, каде пожарот започнал во саботата во областа Педрогао Гранде поради високите температури со силен ветер. Загинале 64 лица, а 157 биле повредени во тој најлош пожар во историјата на земјата.


Во Шпанија, топлотниот бран се очекува да трае барем до недела, а во четврток се очекува температурите да го надминат 40-тиот степен. Кај Мадрид, студентите од едно училиште биле преместени во еден погребален завод, бидејќи таму има климатизација. Проблемот со топлината е уште поголем поради фактот што Шпанија има проблеми со мерките за штедење започнати во 2010. година.



Во Велика Британија, врвот од 34 степени се очекува денес во Лондон, и тоа би можело да биде најтопол ден во јуни уште од 1976. година. Организаторите на една престижна коњска трка во Аскот попуштаат пред строгите правила за облекување на публиката. Има извештаи дека асфалтот на еден пат во вторникот се топел кај Лондон. Метеоролозите очекуваат температури над 30 степени од сабота до четврток, што не е видено уште од јуни 1995. година.


Во Холандија, каде утре се очекуваат 35 степени, уште од понеделникот на сила е државен план за помош, посебно на постарите лица. Има технички проблеми кои ги сопираат возовите. Проглсена е опасност од пожари на највисоко ниво во седум провинции на границата со Белгија.

Во Белгија, поради горештините, има посебен план за работа на железничките мрежи. Земјоделците се загрижени поради сушата која трае веќе со месеци, потсетувајќи на жешката 1976. година. Намаленото ниво на реките веќе им пречи на љубителите на кајакот.






Во Итлаија, метеоролошките служби очекуваат наредните денови топлотниот бран да биде најсилен во последните 15 години, со температура повисока за 8 степени од температурната нормала - до 39 степени во Милано. Резервите на вода се ниски, бидејќи количината на врнежи во текот на шест месеци е за 33 проценти помала, соопштил Метео-центарот "Epson".






Во Австрија, живата ќе остане на околу 35 степени барем до следната среда. Земјоделците стравуваат, а пожарникарите се грижат бидејќи им претсои обичајот за палење на оган на Свети Јован. Популарните забави со скара се забранети во парковите во Виена.

По силните неколкудневни дождови, Грција уште не е под влијание на топлотниот бран, а таму температурата е нормална за овој дел од годината - 29 степени во Атина, 30 во Солун.






Во Русија, топлотниот бран го погодил Сибир со 37 степени, што се очекува и во Краснојарск, најавил ТВ каналот Pervi. Но, во Мурманск, на северот, денес паѓал снег.

Топло е и во САД, а таму горештините предизвикале пожари во Калифорнија.

No comments

Powered by Blogger.