Трагедијата во Лондон ја предвиделе уште пред 33 години: Застрашувачките предупредувања никој не ги сфатил сериозно!

Пишува: Точка

Документарецот на Адам Кертис за "BBC" уште во 1984. година ја предвидел катастрофата која ја погодила "Grenfell Tower" на 14. јуни.

Во документарецот "Inquiry: The Great British Housing Disaster" се споменува предупредување дека постои ризик од избивање на пожар поради поставување на облози околу солитерите.

На прашањето на новинарот Дејвид Џонс, дали материјалите кои се користат за обложување на зградите се ризични за избивање на пожар, еден од анкетираните во разговорот рекол "искрено, да".

Под притисок да именува виновници, тој тоа го одбил. Досега е познато дека во оганот кој ја проголтал кулата загинале 79 луѓе, а властите предупредуваат дека тоа не е конечен број. Националните операции за намалување на ризиците од пожари започнале ширум целата земја, во дури 95 солитери во 32 града, кои се идентификувани како најранливи на таков вид на опасност, пишува Independent.

Документарецот од 1984. година објаснува како некои луѓе очајнички се обидувале да ги отстранат недостатоците во системот на станбените згради, за да може станарите да продолжат да живеат во нив. Во документарецот се додава дека индустријата нуди нови методи на поправка. Кулите високи илјада метри биле обложени со нови материјали кои гарантираат влегување на дожд во бетонските спојки.

Член на градската управа во документарецот рекол дека единствен начин за поправка е користење на други, нетестирани "лекови". "Веќе имаме докази дека некои системи на заштита не се адекватни", истакнал тој.
Жителите во "Grenfell" предупредувале на безбедносните проблеми во својата зграда минатата година, дека постои опасност од пожар и дека само голема катастрофа ќе ги обелодени сите проблеми.

Обновата на зградата била завршена минатата година во јуни, а чинела околу 10 милиони фунти. Експертите веднаш предупредиле дека не смеело да се случи пожарот да се шири толку брзо, и дека морало да бидат вградени повеќе противпожарни системи.

No comments

Powered by Blogger.