"Лошите момчиња не знаеја што се случува": Канадски снајперист убил џихадист од 3 и пол километри

Пишува: Точка

Канадски снајперист минатиот месец во Ирак ликвидирал терорист на Исламската држава од далечина од 3.540 метри.

Тој војник е припадник на Заедничката ударна група 2 на специјалните сили, а пукал од висока зграда, рекле воените извори на весникот Globe and Mail. Таканаречениот набљудувач му помагал да ја лоцира метата, а пукал од пушка "TAC-50", стандардна во канадската армија. На куршумот му биле потребни 10 секунди да ја погоди метата.

Овој погодок, кој бил снимен, претставува нов рекорд за погодена мета од најголема далечина. Претходниот рекорд го држел британскиот снајперист Крег Харисон, кој во 2009. година од растојание од 2.475 метри убил талибанец со пушка "L115А3".



"Тој погодок всушност го прекина нападот на ИСИС на ирачките сили за безбедност", рекол воениот извор Globe and Mail.



"Вака, наместо да се фрли бомба со што би можеле да загинат и цивили во областа, со прецизно применета сила, лошите момчиња не знаеја што се случува", додава тој извор.



За да го постигне овој погодок, снајперистот морал во предвид да ги земе и ветерот, балистиката, дури и површината на Земјата.

No comments

Powered by Blogger.