Гугл казнет 2.7 милијарди евра од страна на Европската Комисија

Google fined record $2.7 billion by EU

Гугл е казнет со 2.7 милијарди евра од страна на Европската комисија откако таа одлучи дека компанијата ја злоупотребила својата моќ и промовирала шопинг на своите материјали. Се работи за највисоката парична казна досега изречена за некоја компанија.

Доколку Гугл во следните три месеци не направи измени во начинот на кој им функцонира шопингот, ќе треба да плати дополнителна сума.

„Она што Гугл го направи е нелегално и ги прекршува правилата на ЕУ“, изјави Маргарет Вестагер од Европската Комисија.

Според Вестагер, Гугл не дозволил фер конкуренција.

„Гугл им го одзеде правото на другите компании да се натпреваруваат според своите заслуги и иновации, и уште поважно на Европејците им ги одзеде бенефициите за избор“, изјави таа.

Ваквите обвинувања Гугл ги отфрли, потенцирајќи дека Амазот и И-беј имале поголемо влијание од нив.

„Кога купувате онлајн, сакате да ги пронајдете продуктите брзо и лесно. Огласувачите сакаат да ги промовираат истите продукти. Затоа Гугл ги става рекламите и ги поврзува потрошувачите со илјадници огласувачи, мали и големи, а тоа е во заема корист за сите. Ние не се согласуваме со заклучоците. Ќе ја разгледаме одлуката на Комисијата и ќе размислиме да се жалиме на истата“, се вели во одговорот на Гугл.

Шопинг системот на Гугл е под истрага од страна на Европската комисија уште од 2010 година.

Во 2008 година, Мајкрософт беше казнет со 899 милиони евра, а подоцна на таа казна беа додадени и 561 милион евра плус.

Во 2009 година, казнет беше и Интел со 1.06 милијарди евра. Епл беше казнет во 2016 година, додека најголемата социјална мрежа, Фејсбук, беше казнет во 2017 година со 110 милиони долари.

No comments

Powered by Blogger.