Катаклизма во Русија: Поплави ширум целата земја, 230 места без струја, количината на дожд ги руши сите рекорди

Пишува: Точка

Силно невреме денес ги погодило централните делови на Русија, поради што околу 230 населени локации во централниот федерален дистрикт останале без струја од раните утрински часови, јавува "Itar Tas".

Невремето ги погодило регионите на Москва, Владимир, Калуга, Рјазан и Тула, наведува руската агенција.

Повеќе од 450 летови на московските аеродроми доцнеле, а 41 лет бил откажан од три аеродроми во Москва - Домодедово, Шереметјево и Внуково, поради лоши временски услови.

Од најголемиот московски аеродром Шереметјево доцнат 270 летови, а 39 се откажани. Од аеродромот Домодедово доцнеле 179 летови, додека два лета биле откажани, а на третиот по големина московски аеродром, Внуково, доцнел еден лет.

Градот Москва и Министерството за итни ситуации издале предупредување дека се очекува силен дожд, град и силен ветер.

Според прогнозата на рускиот Центар за хидрометеорологија и екологија, времето ќе биде нестабилно во текот на целиот викенд. Медиумите јавуваат дека вчерашната количина на дожд која паднала во Москва соборила два претходни рекорди.

Рускиот Центар за хидрометеорологија и екологија соопштил дека во текот на минатиот месец на Москва паднало најмногу дожд од почетокот на мерењето.

No comments

Powered by Blogger.