Питбулот Хулк е 22 пати поголем од својот нов брат: Може да скрши човечка рака како чечкалица, но сепак велат дека е најдобрата дадилка?

Пишува: Точка

Кога неговите сопственици добиле бебе, Хулк доживеал неверојатна трансформација.

Најголемиот питбул на светот е бебиситер, се вика Хулк и тежи 83 килограми.

Ова џиновско куче е толку силно што може да скрши човечка рака како чечкалица. Меѓутоа, кога неговите сопственици добиле бебенце, Хулк доживеал неверојатна трансформација - станал нежен и грижлив постар брат.



На снимката која ја направиле сопствениците на Хулк - или подобро кажано неговото семејство, може да се види до кој степен големото куче се мази и милува и на кој начин се грижи за бебето Џексон, новодојденчето во семејството, од кое е поголем речиси 22 пати.



Кога е со Џексон, Хулк е нежниот џин, мирно седи од страна и го чува бебето, или пак го лиже и мази, а кога бебето спие никој не смее да се доближи, бидејќи тоа е нивното заедничко време за одмор.



Погледнете како оваа прекрасна љубов помеѓу животното и човекот изгледа:
Што мислите вие за одлуката на семејството да го дозволат ваквиот близок однос помеѓу бебето и питбулот и дали вие би направиле нешто такво?

No comments

Powered by Blogger.