Во градинка ѝ кажал дека ќе се ожени со неа, 20 години подоцна го исполнил ветувањето

Љубовта на малите дечиња во градинка е навистина најслаткото нешто и секако, завршува ден потоа. Но, тоа не важи и за овој пар.



Лаура и Мет се запознале кога биле малечки, во градинка. Всушност, првите сеќавања на Мет од детството се оние со Лаура.



„Се сеќавам кога имав 3 години и застанав пред цела група во градина, кажувајќи дека еден ден ќе се оженам со неа“ - вели тој.



„Речиси сè правевме заедно додека одевме во градинка“ - вели Лаура.



Потоа, како и многу други, тие не го продолжиле контактот, сѐ до моментот кога заеднички пријател повторно ги поврзал во средно училиште. Тие биле многу изненадени и по само 2 недели, веќе биле момче и девојка.





По толку многу години поминати од нивната „љубовна романса“ во градинка, Мет одлучил да го исполни ветувањето што го дал во детството.

Тој решил тоа да го направи на местото каде што започнало сѐ – училницата во нивната градинка.

„Додека патувавме накај градинката, цел пат ме прашуваше зошто сум вознемирен. Секојпат кога не гледаше во мене, проверував дали прстенот ми е во џебот. Клекнав на колено додека брат ми фотографираше. Лаура беше шокирана. Ѝ кажав зошто сакам да се оженам со неа и таа кажа да!“ – кажува Мет.



Во декември, 2016-та парот конечно се венчаше. Вистинска приказна од бајките!

No comments

Powered by Blogger.