Трамп ја прекина 20-годишната традиција: Нема ифтар во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина 20-годишната традиција на Белата куќа кога одби да одржи ифтар во резиденцијата во текот на Рамазан, светиот месец на муслиманите.



Оваа традиција ја почна Хилари Клинтон во 1996 година кога беше прва дама на САД. Претходните претседатели Џорџ Буш и Барак Обама секоја година во текот на нивните мандати подготвуваа ифтар во Белата куќа.
Меѓутоа, како што кажа државниот секретар Рекс Тилерсон, Трамп го одбил барањето на Канцеларијата за религии и глобални работи за традиционалното одржување ифтар.

Трамп синоќа во кратка порака им го честиташе празникот на муслиманите.

„Во име на граѓаните на Америка, јас и мојата сопруга Меланија испраќаме топли поздрави на оние кои го слават Бајрам. Во текот на месецот Рамазан се птсетуваме на важноста на милоста, сочувствителноста и добрата волја. Со муслиманите ширум светот, Америка ја обновува посветеноста на почитување на овие вредности“, рече Трамп.

Многу жители на САД се огорчени од антимуслиманската реторика на Трамп. Откако дојде на претседателската функција тој нареди внимателно надгледување на американските џамии и воведе целосна забрана за влез во земјата на жителите на неколку муслимански земји.

Со одбивањето да одржи ифтар во Белата куќа Трамп го зголеми бројот на луѓе кои се противат на неговите политики.

No comments

Powered by Blogger.