Свадбени трендови за 2017 во кои ќе се вљубите на прв поглед (фото)

Некои свадби се толку интересни што не сакате да завршат, а други, за жал, толку многу неинспиративни и досадни што едвај доседувате.



За да ја подобрите целата свадбена атмосфера обрнете внимание на неколку интересни работи што ќе ја направат вашата свадба настан за уживање.

Всушност, измените се минимални, бидејќи вие секако ќе се погрижите за сите овие работи, но оваа сезона во фокус се следните свадбени трендови:
Смели наместо пастелни бои

Заборавете на нежни беж, пастелно розови и бебешко сини тонови. Развеселете ја вашата свадба со силни интензивни бои инспирирани од природата. Вметнете ги преку приборот за јадење, чашите за пиење, чаршафите или декорациите на масата.



Крофни наместо торта

Веќе одамна никој не се радува и не е изненаден од стандардната невестинска торта. Наместо неа одберете нешто поинакво – глазирани крофни или профитероли. Бидете сигурни дека нема да остане ниту една крофна на крајот од вечерта.



Висечки наместо ниско поставени цветни декорации

Иако изгледаат прекрасно мора да признаеме дека цвеќињата на масите неретко го попречуваат погледот кон сé она што е интересно на свадбата. Или едноставно зафаќаат премногу место и ги нервираат гостите кои само ги поместуваат вазните.

Па одлучете се за висечки цветни декорации кои нема да пречат никому, а ќе го разубават целиот простор. Воедно, може да си направите и цветна завеса или ѕид кој ќе биде одличен простор за супер фотки.



Мени на масата наместо никаква идеја што има за јадење

Зошто да не поставите мени на самата чинија или масата со цел гостите точно да знаат што ги очекува во текот на вечерта?



Катче наменето за децата наместо да се досадуваат цела вечер

Дечињата понекогаш немаат идеја што со себеси во текот на свадбата. Најдете им занимација.

Во точно означениот детски простор поставете боички и шаблони за боење, сапуница за правење балончиња или мали фотоапарати за една употреба со кои ќе сликнат интересни моменти од свадбата кои вие нема да ги забележите. И секако, погрижете се да има убави забавни нешта за јадење за најмалечките.

No comments

Powered by Blogger.