Пекол на земјата: Во овој град робовите ги продаваат за 200 долари на пазар

ПИШУВА: точка

Пред два месеци ОН објавил дека трговијата со луѓе во Либија добила такви размери што во градот Сабха на југот на таа земја луѓето се продаваат на отворено, на јавни лицитации.

Станува збор за град кој пред војната имал 100.000 жители, и кој лесно ќе бил и поштеден од судири доколку не бил сместен на положбата во која се наоѓа. Покрај што е оаза на сред пустина, градот е апсолутно главна раскрсница на сахарските патишта од исток кон запад и југ кон север.

ОН наведува дека од проценетите 180.000 мигранти, колку што влегле минатата година, најголем дел минале низ Либија, а половина од нив низ Сабха, град кој важи за почетна точка за патување преку Либија, на патот од Африка, преку Медитеранот во ЕУ. Денес, Сабха е место на половина пат кон тотално беззаконие.
Од таму, на мигрант му се потребни просечно 365 долари да дојде до Триполи. Секако, ако во меѓувреме не заврши како роб и не е продаден за 200 долари. 
Пред војната Сабха бил град во кој мирно живееле Арапи и субсахарски Африканци: Суданци, Чадани, Нигеријци, либиски Арапи, либиски Тубуи. Таму Муамер Гадафи во јули 2011. година одржал еден од своите последни јавни говори, кога рекол дека основната причина поради која странските сили ја напаѓаат Либија е затоа што ги сакаат либиските нафтени извори. 

Колку е тој град стратешки значаен покажува и тоа што близина на градот бил фатен синот на Гадафи, Саиф Ал Ислам. Војната довела до тоа од 2012. година таму да живеат две остро спротивставени племиња, Тубу и Авлад Сулејман. Кон крајот на минатата година избиле кратко, но жестоки борби меѓу двете племиња, и на крајот биле убиени 16, а повредени 50 луѓе.

Се воспоставило дека причина за конфликтот било тоа што мајмунот на еден од лидерите на племето го украл велот од глава на девојче од спротивставеното племе. Градот исто така е познат по тоа што околу него константно врти приказна за лојалистите на убиениот Гадафи.



Наводно последен пат градот бил под нивна контрола во 2014. година. Сабха низ историјата бил место познато по трговија и аџилак. Денес, тоа е место за шверц на гориво и трговија со робови.

No comments

Powered by Blogger.