Грција: Скопјанец осуден на 20 месеци затвор поради напад на полицајци


Скопјанец е осуден на 20 месеци затвор во Грција за напад на тројца полицајци.

Инцидентот се случил на островот Родос. Грчките медиуми објавија дека 30-годишниот скопјанец, кој бил пијан, се соблекол гол и легнал на маса во ресторан.

Кога полицајците интервенирале тој почнал да фрла кон нив со разни предмети.

Тој пред судот се бранел дека бил пијан и дека не се сеќава што правел.

No comments

Powered by Blogger.