Доживотен затвор за 19-годишен радикален исламист: Британските служби во последен момент спречиле терористички напад на концерт на Елтон Џон

Пишува: Точка

Судот во Лондон донесе конечна пресуда - 19-годишен радикален исламист кој е британски државјанин, осуден е на доживотна затворска казна поради тероризам.

Судот во британската престолнина донесе одлука радикалниот исламист доживотно да биде ставен зад решетки затоа што бил фатен како планира изведување на бомбашки напад на концерт на Елтон Џон за време на 15-годишнината од терористичките напади во САД на 11-ти септември.

19-годишниот Харун Сајед од западен Лондоне прогласен за виновен - тој планирал да изведе терористички напад во периодот од април до септември 2016-та година и соработувал со други екстремисти.



Младиот Сајед кој е британски државјанин планирал да изведе напад на главната трговска улица „Оксфорд“ во Лондон, а потоа да изведе и бомбашки напад на концертот на Елтон Џон на 11-ти септемви во Хајд Парк.

Тој бил откриен додека преку интернет комуницирал со друг екстремист кој што им бил од поодамна познат на британските разузнавачки служби. Сајед стапил во контакт со другиот радикален екстремист и се обидувал да купи оружје за нападот. Ги користел социјалните мрежи за да стапи во контакт со поддржувачите на терористичката организација Исламска држава.



Британските власти објавија дека 19-годишниот Сајед барал да му биде изработена специјална бомба исполнета со штрафови и слични метални предмети и планирал да ја постави и активира на едно од најпрометните места во Лондон, како што е познатата улица „Оксфорд“.

Претходно, во јуни 2016-та година, неговиот брат Надир Сајед исто така бил осуден на доживотна затворска казна затоа што сакал да киднапира недолжни цивили во ноември 2014-та година и да им ги отсече главите, имитирајќи го напаѓачот кој што му ја отсече главата на војникот Ли Ригби во мај 2013-та година во Лондон.

No comments

Powered by Blogger.