Евакуирани 1.850 луѓе поради шумски пожар: Се запали националниот парк во Шпанија, ветерот и топлината го разгоруваат оганот

Пишува: Точка

Борбата со пожарот ја отежнуваа ветерот и големата топлина. Загрозени се ретките видови на рис кои живеат овде.

Стотици пожарникари се обидуваа да го угаснат пожарот кој го зафати природниот парк Donana во југозападниот дел на Шпанија, што предизвика евакуација на повеќе од 1.800 луѓе, објави локалната власт.



Како што пренесува AFP, локалната власт на Андалузија испрати 550 пожарникари и 23 хеликоптери и авиони во близина на градот Могер.

Пожарот избил во ноќта сабота кон недела - утрово се уште не е под контрола. Нема извештај за повредените. Борбата со пожарот ја отежнуваат силните ветрови и големата топлина. Регионалната претседателка на АНдалузија, Сузана Дијас, изјави дека се уште не се знае причината за пожарот, но дека "не може да се исклучи човечкиот фактор".

Пожарот го зафати и Националниот парк Донана - еден од најважните природни резервати во Шпанија кој се протега на повеќе од 50.000 хектари и кој е под заштита на УНЕСКО, но тој се шири и надвор од границите на националниот парк. Шумите и мочуриштата претставуваат живеалиште за птиците преселници кои доаѓаат од Африка и Европа, тие се од на многу различни животни, како Иберскиот рис кој се води како загрозен вид.



Според весникот "El Pais", центарите за одгледување на рисови во овој парк морал да биде евакуиран заедно со животните кои биле таму.

"Пожарот ги зафати и границите на резерватот па ние сите наши напори ги насочуваме натаму", изјави за шпанската национална телевизија Андалузија официјален претставник задолжен за природнот окружување, Грегорио Фискал Лопез.

No comments

Powered by Blogger.