Вистинска љубов: Бекамови прославија 18 години брак, децата им честитаа на Инстаграм

Дејвид и Викторија Бекам прославија 18 години од нивниот брак во вторникот, а нивните деца јавно им честитаа со убави Инстаграм објави.



18-годишниот Бруклин објави фотка од неговите родители и напиша: „Среќна годишнина на двајцата најпрекрасни луѓе во мојот живот. Ве сакам мамо и тато.“

Претходно, Викторија објави стара слика од нивната свадба, каде Дејвид го држи малечкиот Бруклин.

„Те сакам“ – напиша таа.



Дејвид исто така имаше своја објава на Инстаграм, но тој се одлучил за ретро фотографија во која парот носи кожни одела.

„Навистина успеавме. Среќна годишнина на прекрасната сопруга, мајка и силна бизнис жена. Те сакам.“

Додека пак, Круз, објави фотка од свадбата на своите родители, каде Дејвид ѝ ја става бурмата на Викторија.

Тој напиша: „Најдобри мамо и тато, не ми се верува дека поминале 18 години. Среќна годишнина, ве сакам многу и сакам да знаете дека сте најдобри родители на целиот свет, ве сакам.“

https://www.instagram.com/cruzbeckham/

Ромео ја објави истата фотографија како и неговата мајка, додавајќи: „Среќна годишнина на најдобрите родители на светот!!! Ве сакам премногу.“


No comments

Powered by Blogger.