Вера (17) загинала за време на "Банџи скокање": Скокнала директно во својата смрт поради недоразбирање со инструкторот

ПИШУВА: ТОЧКА

Судот изјави дека мостот од каде што скокнала девојката не бил според шпанските прописи за "Банџи скокање".

Девојката (17) загинала за време на Банџи скокот кога скокна од мост во Шпанија во 2015-та година. До несреќниот случај дошло бидејќи не го разбрала англискиот јазик на својот инструктор, пренесува Daily Mail.

Вера Мол била врзана со јаже, но јажето не било прицврстено за ништо друго, а целиот немил инцидент се одиграл во Кантабриа уште во 2015-та година, но судењето се уште е во тек.


 
Нејзиниот инструктор ѝ кажал да не скока, но бидејќи неговиот изговор на англиски бил толку лош тинејџерката го сфатила дека треба да скокне. Впрочем тој кажал "No jump!", a сфатила "Now Jump!" Тој се појави на суд поради обвинение за смртта на оваа тинејџерка од Холандија.

Судиите изјавија дека тој бил должен да провери дали Вера е полнолетна и има 18 години пред да ѝ дозволи да скока и истакнаа дека неговиот англиски е навистина лош.





Судот исто така изјави дека мостот од кого девојката скокнала и починала на лице место не е по шпанските прописи за овој спорт - Банџи скокање.

Флоутрек, кој ја води компанијата за Банџи скокање во која инструкторот бил вработен тврди дека сето ова бил несреќен случај.

Мартин Клом од истата компанија истакна дека смртта на девојката настанала како резултат на недоразбирање на девојката со инструкторот за време на скокањето.



Потврдил дека девојката била врзана за јаже, но јажето не било се уште прицврстено за мостот.

No comments

Powered by Blogger.