Драматично – едноставно исчезнал во езерото! Потонал брод со 150 туристи, најмалку 6 се мртви, a 30 се водат за исчезнати

ПИШУВА: ТОЧКА

Најмалку шест лица настрадале, а 31 се водат како исчезнати откако брод со 150 туристи се превртел и потонал во вештачкото езеро во туристичкиот град Гуатапе, во северозападниот дел на Колумбија, изјавил претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос.

Колумбиските власти соопштиле дека се` уште не ја знаат причината за потонувањето на бродот.

Според зборовите на официјалните лица од Националниот центар за управување со кризи Карлос Иван Маркез, сите жртви се Колумбијци и меѓу нив нема деца.



Регионалните власти навеле дека поголемиот дел од 150-те луѓе кои се наоѓале на бродот, биле спасени со чамци, додека некои од нив сами успеале да се спасат.

„Бродот потона исклучително брзо. Се` се случи во 5 минути“, изјавил капетанот во противпожарната служба Луис Бернардо Моралес.



Колумбиската војска соопштила дека во акцијата на спасување помогнале еден хеликоптер од колумбиските воздушни сили и два воени хеликоптери.

Националната противпожарна служба ги испратила своите припадници од шест градови за да помогнат во спасувањето.

Градот Гуатапе прогласил тридневна жалост поради несреќата.

Бродот потонал во неделата во езерото Пенол во туристичкото место Гуатапе, 45 километри источно од Меделин.



Станува збор за повеќекатен туристички траект наречен „Алмиранте“, пренесуваат агенциите.

Преживеаните туристи изјавиле за локалните медиуми дека на траектот имало повеќелуѓе од дозволениот број, како и дека никој не носел појаси за спасување.




„Се чини дека ситуацијата е многу сериозна“, изјавил локален официјален претставник, пренесува АФП.

Тој навел дека има луѓе кои се спасени и дека тие се префрлени во локалната болница.

No comments

Powered by Blogger.