На продажба спектакуларен ранч за 149 милиони долари: "Ѕирнете" во неговата внатрешностНа продажба спектакуларен ранч за 149 милиони долари: "Ѕирнете" во неговата внатрешност



Ова веројатно и не го знаете, но сопственикот на каналот Discovery е токму среќниот сопственик на овој спектакуларен ранч West Creek во Колорадо.

Преубaвиот имот е дом каков што секој од нас уште на прв поглед би посакал да го има, а сега господинот Хендрикс го продава за неверојатни 149 милиони долари. Ако ви звучи премногу, па тоа и навистина е многу...

Главната вила се простира на површина на имот од речиси 6 ари, а уредена е во вестерн стил и поделена е на четири нивоа. Куќата поседува осум спални соби и ист број на бањи, огромен дневен престој, трпезарија, професионална кујна, кино, уметничко студио, теретана и соба за забава. Што мислите, дали е сето ова доволно, наспрема сумата којашто сопственикот ја бара за оваа куќа? Секако дека не е. Но секако и дека не се работи за сосема секојдневен имот. Вакво нешто ретко каде би можеле да видите.










Тешко е да се направи одлука околу тоа што кај оваа куќа е попривлечно – нејзиниот екстериер или ентериер. Во преубавата градина се наоѓа и фантастичен базен и повеќе од 1.000 метри квадратни покриена веранда на којашто идните сопственици ќе може да организираат забави и дружења со пријателите.

За романтичните парови на имотот постои и опсерваторија за надгледување на ѕвездите во текот на ведрите ноќи.



На West Creek ранчот ќе може да уживате и во планинарењето, јавањето на коњи, возењето на велосипед или едноставно – опуштајќи се на свежиот и пријатен воздух.

И секако, дефинитивно му завидуваме на оној којшто ќе може да издвои толку голема сума, бидејќи уживањето на овој ранч е загарантирано!














No comments

Powered by Blogger.