Ова е најскапиот пад во историјата на авијацијата, штета од 1,4 милијарди долари: Вака се урнал B-2 Духот од Канзас

Пишува: Точка

Првата несреќа во која учествувала гордоста на американската стратешка авијација, "B-2 Spirit" со име "Духот од Канзас", се случила во февруари 2008. година.

Инцидентот во светската јавност е означен како прва загуба на овој стелт бомбардер. Споменатиот инцидент се случил на 23. февруари во 2008. година во базата Андерс на островот Гуам, каде често слетуваат овие бомбардери.

Имено, тој 23. февруари, од аеродромот полетал "B-2" со ознака 89-0127 од матичната база Вајтмен во Мисури. Во текот на полетувањето, едно од крилата на авионот ја закачило пистата, авионот малку се кренал, но пилотот не можел да го спаси леталото па екипажот се катапултирал, а авионот паднал и експлодирал.

Штетата на уништеното летало е проценета на 1,4 милијарди долари, што е означено за најскап пад во историјата на авијацијата.

Веднаш по падот сопрени биле сите летови додека не се утврдила причината за падот. Комисијата утврдила дека главен виновник за падот на авионот бил дождот кој довел до појава на влага во каблите и негативно делувал на сензорите во авионот кои даваат информации како што се брзина и висина.

No comments

Powered by Blogger.