Сара Џесика Паркер ќе има мега луксузен нов дом: Неверојатен дизајн на стаклената куќа од 1.300 метри квадратни!



Парот уште во 2016 година купил две куќи од 35 милиони долари и посакал да ги спои во зграда голема 1.300 метри квадратни.

Актерката Сара Џесика Паркер е позната по улогата на Кери во хит серијата „Сексот и градот“, а нејзиниот нов семеен дом ја шокираше светската јавност.



Актерката и нејзиниот сопруг ја ангажирале архитектонската компанија Morris Adjmi Architures за да создадат модерен и луксузен дом за себе и за своите три деца. Славната двојка уште во 2016 година купила две куќи од 35 милиони долари и посакал да ги спои во зграда голема 1.300 метри квадратни.



Многу коментари велат дека оваа зграда изгледа како огромен деловен простор, а не како семеен дом. Сепак, не се сомневаме дека во Њујорк ќе стане вистинска атракција.

Модерната зграда ќе се истакнува по својата необична форма и ќе биде речиси целата од стакло. Оваа компанија е позната по комбинирањето на неспоиви материјали и по екстравагантните потфати, а за Сара ќе подготват вистински уникат.



Групата архитекти често во своите проекти создава зелени покриви и „живи“ зелени ѕидови од популарните вертикални градини, а веруваме дека и Сара во својот дом ќе има зелена оаза.

No comments

Powered by Blogger.