Кога згодниот Џастин Трудо страсно ја бакнува сопругата... (фото)

Канадскиот премиер Џастин Трудо е миленик на жените ширум светот.


Пишува: ЦРНОБЕЛО

Тој покрај со својата убавина ги маѓепса припадничките на понежниот пол со неговиот нетипичен изгледа за еден политичар.

Трудо има тетоважа, тренира бокс, сака да се шета без маица. Омилен е каде и да се појави поради шармот, непосредноста, неговата борба за бегалците, жените и ЛГБТ-популацијата.

Инаку тој во политиката оди по стапките на својот татко Пјер Трудо, кој два пати бил на позицијата Претседател на влада.

Трудо е во брак со телевизиската новинарка Софи Греогар Трудо со која има три деца. Нивната љубовна приказна е магична, а практиката да ја бакнува на јавни места дефинитивно заслужува внимание.

Во една пригода за неа романтичниот Трудо изјави:

„Знаев дека таа е вистинската. Толку беше убава, но и грижлива, одговорна, свесна и мила личност. На првиот состанок ни беше прекрасно и не се воздржував, ја прашав каде се криела 32 години, бидејќи целиот живот ја чекав само неа.“

Кога канадскиот премиер ја бакнува сопругата, сите ги активираат камерите на мобилни телефони.










No comments

Powered by Blogger.