Хитлер е жив? Овој човек има 128 години и тврди дека токму тој е Фирерот лично!

Пишува: Точка

Маж кој наводно има 128 години од Салта во Аргентина, тврди дека всушност тој е поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер, и дека последните 70 години ги минал во криење. Иако неговите тврдења ги растегнуваат границите на веродостојноста до пукање, тие се поклопуваат со откривањето на нацистичките артефакти во таа земја.

Зборувајќи на интервјуто за локален медиум, натурализираниот германски имигрант објаснува дека пристигнал во Аргентина во 1945. година со пасош, наводно фалсификуван, кој го произвел Гестапо по завршувањето на Втората светска војна - во кој го пишува неговото име - Херман Гунтерберг.

Како што вели, одлучил да го прекине долгиот период на криење, бидејќи во 2016. година израелската тајна служба Мосад официјално ја напуштила својата политика за потрага по германските воени злосторници. "Хитлер" додава и дека планира својата автобиографија да ја објави во септември и да го "врати" јавниот имиџ.




"Ме обвинуваат за бројни злосторства кои никогаш не сум ги направил. Поради тоа морав да минам повеќе од половина од својот живот во криење од Евреите, така што веќе ја отслужив својата казна. Ме прикажуваат како лош човек само затоа што ја изгубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна од приказната, тоа ќе го смени начинот на кој ме доживуваат", рекол Гунтербер.

Додека водечките историчари се согласуваат дека Хитлер извршил самоубиство на 30. април 1945. година во бункер во Берлин, неколку хроничари сугерираат дека Фирерот можел да побегне во Латинска Америка, како што направиле многу нацисти на крајот на војната.




Во јули 2016. година, Абел Басти го објавил ревидираното издание "Хитлер во егзил", каде навел дека Фирерот побегнал во Аргентина, каде живеел 10 години пред да се пресели во Парагвај, под заштита на диктаторот Алфред Стреснер, кој имал германско потекло. Басти вели дека Хитлер починал на 3. февруари 1971. година во Парагвај.

Очекувано, малку луѓе веруваат во приказната на старецот од Аргентина, вклучувајќи ја и неговата 55-годишна сопруга, Ангела Мартинез. Таа вели дека неговите шокантни тврдења се производ на деменција и истакнува дека нејзиниот сопруг до пред две години никогаш не го споменал Хитлер или нацистите. Тоа што таа може да поверува, е дека нејзиниот сопруг можеби бил нацист и дека се чувствува виновен за своето минато.



Сосема случајно, само неколку дена откако Гунтерберг ја објавил оваа вест, аргентинската полиција пронашла вистинско складиште со нацистички артефакти во една куќа во Буенос Аирес, можеби најголема колекција на национал-социјалистички реликвии во оваа држава.

Како што се наведува, локалната полиција следела еден колекционер и при претресот на неговата куќа во неговата работна соба пронашла таен премин кој водел во соба полна со нацистичка иконографија.

No comments

Powered by Blogger.