10 занимливости за Северна Кореја - Најизолираната азиска земја



Ви откриваме 10 интересни факти за Северна Кореја, најизолираната и најтаинствена земја од Азија.

1. Конзумирање на марихуана е легално. Исто како во Колорадо, Холандија и Уругвај, можно е да се купи и конзумира канабис на улица, а никој да не ве вознемирува поради тоа.

2. Северна Кореја има најголем процент на писмени жители во светот - дури 100 проценти! Сепак, станува збор за официјални податоци за кои нема доказ, па затоа овие тврдења треба да се земат со голема доза на резерва.



3. Заканата од терористички напад е многу помала отколку во Франција, Германија и Шпанија. Во земјата во која кражбата на пропаганден постер се казнува со 15 години тешка физичка работа, шансите за поминување на терорист се многу мали.

4. Таму не е 2017 година. Според севернокорејскиот календар кој е усвоен во 1997 година, сметањето на времето започнува од раѓањето на поранешниот севернокорејски претседател Ким Ил Сунг, кој на свет дошол во 1912 година. Тоа значи дека жителите во јануари го прославиле влегувањето во 106-тата година.




5. Стадионот Први мај, кој може да прими 114.000 посетители, е најголемиот стадион во светот.

6. Хармониката е исклучително популарен инструмент. Таа е толку популарна, што едно време сите учители морале да знаат да ја свират.

7. Не е вистина се што ќе слушнете за оваа земја. После посетата на Северна Кореја во 2013 година, Изобел Јунг разоткрила неколку големи митови. “На пример, никаде не можевме да ги видиме дозволените 20 фризури кои наводно Ким Јонг Ун ги одобрил”, рекла таа.



8. Законот “казна за три генерации” е еден од најсуровите. Ако некој направи злосторство, нема да биде осуден само тој, туку и целото негово семејство. А, доколку таа личност добие потомци во затвор, наредните две генерации ќе мора да останат таму доживотно.

9. Северна Кореја изградила цело село во пропагандни цели. За да покаже колку добро и оди, таа во близина на границата со Јужна Кореја го изградила Киџонг - Донг “Селото на мирот” во кое никој не живее. Сите имоти, училишта и болници кои покажуваат дека тука луѓето живеат среќно, се всушност само маска.



10. Во земјата се наоѓаат 34.000 статуи од Ким Ил Сунг, а секој граѓанин е должен да носи значка со неговиот лик, како знак на лојалност.

No comments

Powered by Blogger.