Што може да направите со 10.000 долари? На пример, да купите 76 дронови и да го направите токму ова

Пишува: Точка

Еден ексцентричен изумител направил сосема невообичаено, но потполно функционално летало со помош на дронови. Би имале ли храброст да се повозите со нешто вакво?

Анонимниот шведски изумител често изработува невообичаени машини од сосема секојдневни предмети и потоа ги прикажува на својот YouTube канал.

А за да направи летало, тој поврзал дури 76 дронови коишто се придвижуваат со помош на батерии. Творецот на ова дело тврди дека невообичаеното летало во коешто може и да седнете чини околу 10.000 долари:

Тој на видео записот управува со леталото, ги менува брзината и насоката на движење, го подига и спушта со цел да ги покаже сите функционалност.

На каналот “amazingdiyprojects” тој објавува најразлични “направи сам” проекти, како што се мотор изработен со 3D печатач, електричен скејтборд и многу други машини.

No comments

Powered by Blogger.