Бокс-офис: „Wonder Woman“ руши рекорди на гледаност

Суперхеројскиот филм „Wonder Woman“ на режисерката Пети Џенкинс заработи 100,5 милиони долари на бокс-офисот во САД и Канада, што е најдоброто прикажување на филм од женски режисер. Тој рекорд претходно го држеше 50 Shades of Grey, кој дебитираше со 85,1 милиони долари.



На меѓународно ниво, филмот заработи 122,5 милиони долари или вкупно 223 милиони долари.


Тоа е одличен податок за филм со буџет од 150 милиони долари, во кој главната улога ја има Гал Гадот. Актерката доби прекрасни рецензии за својата улога. Wonder Woman e 16 суперхеројски филм со заработка поголема од 100 милиони долари на домашниот пазар.



На второто место е анимираниот „Captain Underpants“ со заработка од 23,5 милиони долари. На трето место е „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“ со заработка од 21,6 милиони долари.

Ова е целосната листа на најгледани филмови за изминатата недела:

1. Wonder Woman - 100,5 милиони долари

2. Captain Underpants: The First Epic Movie - 23,5

3. Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales - 21,6

4. Guardians of the Galaxy Vol. 2 - 9,7

5. Baywatch - 8,5

6. Alien: Covenant - 4

7. Everything, Everything - 3,3

8. Snatched - 1,3

9. Diary of a Wimpy Kid: The Long Haul - 1,2

10. King Arthur: Legend of the Sword - 1,1 милиони долари.

No comments

Powered by Blogger.