Зошто и како Абел си го дал името The Weeknd?

Нема кој не слушнал за The Weeknd и големите хитови кои преку ноќ ги пробија топ листите. Но, кога ќе кажат Абел Тесфаје тешко дека ќе знаете за кој се работи.



Абел Тесфаје е всушност вистинското име на талентираниот The Weeknd.

Кога во едно интервју бил малку подетално распрашан зошто и како баш The Weeknd, конечно ја открил приказната зад своето сценско име:

„Си отидов од дома кога имав 17 години, го напуштив средното школо и го убедив Ламар да го направи истото. Ги земавме само душеците од кај родителите и ги ставивме во старо комбе. Тој викенд заминавме и никогаш не се вративме дома. Тогаш си го мразев името и мислев како да ми биде сценското име. Ми звучеше кул. Само го извадив е-то затоа што веќе имаше еден канадски бенд кој се викаше The Weekend.“

No comments

Powered by Blogger.