Елон Маск објави контроверзен одговор на Twitter

Технолошкиот могул даде коментар што оди во прилог на мислењата дека трката за вселената, како и другите трки за одржување на приматот во научно-технолошките области, е „мерење на кого му е поголем“.



Компанијата SpaceX на Елон Маск деновиве е во фокус поради очекуваното лансирање на Falcon 9.

Корисник на Twitter го праша шефот на Tesla и SpaceX колку голем ќе биде Falcon 9.

Никој не би помислил дека ваквото прашање би имало фалусно алудирање, но Маск на прашањето одговори: „Нели не е битна големината, туку како го користиш?“

На ова следеше лавина од слични коментари со сексуална асоцијација, како „Битно да го кренеш, после е лесно“ и „Не е само до големината, туку и до брзината“.
Ок, момци, ја сфативме шегата. Не е толку смешна.

No comments

Powered by Blogger.