Трамп со уште еден лапсус на Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп очигледно имал нешто сериозно да сподели со јавноста што во текот на обмислување на твитот или заспал или пак некоја мачка му претрчала преку тастатура.



Постот на Twitter најверојатно се однесувал на негативнaта слика за претседателот по весниците, но овој лапсус придонел за уште едно успешно тролање од страна на медиумите.



За оваа недокажана Twitter авантура се огласија и илјадници твитерџии, а веста која постоеше речиси два часа на социјалната мрежа е конечно тргната. Изгледа Доналд Трамп заборавил дека не се пишува на Twitter пред спиење.

На познатата интернет страна Urban Dictionary,  еден корисник го додаде зборот "covfefe" и даде објаснени како: Кога сакаш да кажеш "покриеност" но рацете ти се премали за да ги стиснеш сите копчиња на тастатурата.

No comments

Powered by Blogger.