Тие беа првите лезбејки на сцената: Еве како изгледаат денес девојките од рускиот тандем t.A.T.u.

Пишува: Точка

Јулија Волкова и Лена Катина станаа глевни женски херои на MTV и добија огромно медиумско внимание кога се појавија во 2002-та како прв лезбејски пар во шоу-бизнисот со хитот "All the Things She Said" ..

Тие ја претставуваа и Русија на Евровизија, па на сцената дури и се бакнаа, а подоцна се покажа дека целата работа околу нивната сексуална ориентација била само шоу за јавноста, дека впрочем не биле лезбејки.





Па откако дуото се распадна, Лена Катина сепак покажа дека преферира мажи. Таа се омажи за Србинот Саша Кузмановиќ со кого има син, Александар.
Јулија Волкова денес има 32 години и има две деца - ќерката Викторија и синот Самир, со поранешниот сопруг Парвиз Јасиновим. Ја најдовме Јулија на Инстаграм и таа изгледа подобро од било кога.
Девојките признаа дека тие не се лезбејки и дека никогаш не ни биле во документарецот "Анатомија на t.A.T.u." а Јулија го шокираше светот со изјавата дека тешко го поднела тоа што нејзиниот поранешен сопруг, Самир и' признал дека е геј.

No comments

Powered by Blogger.