“Ѕирнете” како изгледа новиот SUV модел под логото на Škoda



Во очи на претставувањето на SUV моделот Karoq, Škoda ги објави и првите официјални фотографии на коишто се прикажани детали од ова возило.

Škoda Karoq, која што ќе го наследи моделот Yeti, ќе ја има својата онлајн премиера на 18-ти мај. Во пресрет на ова случување, чешкиот производител објави фотографии од светлосните групи, но и први фотографии од детали од внатрешноста на автомобилот.

Предните светла овојпат се обликувани во рамките на најновите дизајнерски тенденции на моделите под логото на Škoda, и опфаќаат линеарни ЛЕД дневни светла, додека благодарение на специфичниот облик на задните светлосни групи, Karoq јасно ќе се разликува од поголемиот Kodiaq.





Првата од двете фотографии од ентериерот ни го открива изгледот на екранот на мултимедијалниот систем и обликот на централните вентилациски отвори, додека во горниот лев агол се наѕира брзинометарот на дигиталната инструмент табла. На долниот дел од фотографијата пак се гледаат командите за клима уредот коишто изгледаат исто како и кај моделот Kodiaq.



Škoda објави фотографија и од долниот дел на централната конзола, со рачката од автоматизираниот DSG менувач со двојно квачило, а по ознаката на самата рачка се гледа дека станува збор за модел со погон на сите 4 тркала. Инаку, Karoq стандардно ќе се испорачува во верзија со преден погон.



Повеќе фотографии, но и технички детали од новиот SUV модел ќе бидат достапни наскоро, со оглед на тоа дека Škoda се очекува да го претстави моделот Karoq веќе кон крајот на следната недела.

No comments

Powered by Blogger.