За рускиот авион само небото е граница: Погледнете што се може "Sukhoi"

Пишува: Точка

Рускиот борбен авион "Su-35S" ќе биде модифициран во 2017. година на основа на своето борбено искуство во Сирија, изјавил заменик министерот за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.

"Овогодинешните авиони ќе бидат развиени на основа на сите недостатоци и сириското искуство...Според мислењето на нашите пилоти кои работат во Сирија, тој авион (Su-35S) е еден од најдобрите во светот според летачките можности и техничката ефикасност", рекол Борисов во текот на посетата на фабриката за производство на авиони во Комсомољск на Амур.

Заменик министерот за одбрана прецизирал дека авионот претходно имал технички пропусти со екраните и светлото, но дека тие се поправени. Странските купци обрнуваат повеќе внимание на "Su-35S" поради неговите технички карактеристики, додал тој.

Авионот "Su-35S" е повеќенаменски ловец од 4++ генерација и претставува унапредена верзија на ловецот "Su-27" со карактеристки кои може да се споредат со авион од 5-та генерација. Специфичностите на тој авион се модерни навигациони и радио-комуникациони системи и нови мотори.

Од септември 2015. година Русија на барање на сирискиот претседател Башар Ал Асад спроведува противтерористичка кампања во Сирија, која се наоѓа во граѓанска војна повеќе од шест години.

No comments

Powered by Blogger.