Пристигна Quick Charge 4+ за ултра брзо полнење на батериите



Qualcomm го претстави за нијанса подобрениот стандард за брзо полнење на батеријата Quick Charge 4+ кој е дополнителна оптимизација на осум-јадрениот Snapdragon 835 процесор со кој на почетокот на годината беше лансиран Quick Charge 4.

Сега со Quick Charge 4+ имаме за 15% побрзо полнење на батеријата, пониска температура за да не дојде до прегревање, а нуди и за 30% поголема енергетска ефикасност.

Засега единствен смартфон кој го користи Quick Charge 4+ е ZTE nubia Z17, но сите нови смартфони кои ќе го применат Snapdragon 835 процесорот ќе може да го искористат доколку ги прифатат новите стандарди за мониторирање на батеријата и приклучокот.

No comments

Powered by Blogger.