Колку тони може да повлече еден автомобил како Porsche Cayenne?

Пишува: Toчка

SUV моделот на Porsche постави нов Гинисов светски рекорд откако успеа да го повлече најголемиот патнички авион на светот, Airbus A380, и тоа за цели 42 метри.

Иако ова растојание и можеби не изгледа многу импресивно, подвигот којшто го изведе моделот Cayenne дефинитивно “добива на тежина” кога се знае дека Airbus A380 поседува маса од дури 285 тони!



Погледнете како изгледало сето тоа:
Новиот светски рекорд е поставен на аеродромот во Париз, Шарл де Гол, a Porsche успеа да го собори дури два пати – со два различни Cayenne модели.

Подвигот најпрво го изведе Cayenne S Diesel со 4.1-литарски V8 biturbo агрегат со 385 КС и 850 Nm максимален вртлив момент, за рекордот потоа да го потврди и бензинецот Cayenne Turbo S, под чијашто хауба лежи 4.8-литарски V8 biturbo агрегат со 570 КС и 800 Nm.

Како што велат од тимот на Porsche, и двете возила се со своите оригинални фабрички спецификации. Единствена модификација кај нив претставува специјалниот додаток за влечење.

А со цел да докажат дека автомобилите се и понатаму исправни, после соборувањето на рекордот биле упатени на пат кон Лондон, од каде што и првично тргнале.



Во последните десетина години забележани се и уште неколку слични подвизи коишто го привлекле вниманието на јавноста.


Така, на пример, Volkswagen Touareg V10 TDI влечеше Boeing 747 од 155 тони цели 150 метри:
Toyota Tundra во 2012-та година пак влечеше “пензиониран” спејс шатл со тежина од 150 тони, и тоа од аеродромот во Лос Анџелес до Научниот центар во близина на тој град, што претставува растојание од околу 20 километри.

Во месец август, во 2013-та година, немодифициран Nissan Patrol го помести за 50 метри рускиот транспортен авион Ilyushin Il-76 којшто е тежок 170 тони:

  •  
  •  

No comments

Powered by Blogger.