Note 7 се враќа назад – по исклучително висока цена!


Дали ќе пристигне и во Македонија не сме сигурни, но не сме сигурни и во тоа дека многумина ќе побрзаат да го купат. И тоа поради две клучни причини...

Samsung решил да го врати назад на пазарот моделот Galaxy Note 7, но овојпат во “безбедно издание” – со помала батерија, проверени компоненти и со нов вид на батерија, којашто минува низ ригорозни проверки во осум стадиуми. И сето тоа би било сосема во ред, ако, како што се шушка на интернет мрежата, цената на повратникот не би била планирана да изнесува помеѓу 600 и 700 долари, односно евра во европскиот регион.

Телефонот ќе ја понесе ознаката Note 7R и тој ќе добие батерија од 3.200 mAh и Android Nougat оперативен систем, наместо батерија од 3.500 mAh и Marshmallow Android OS. Овие информации се појавиле откако Galaxy Note 7R минал низ FCC сертификација.

Но, дури 600 евра за телефон којшто веќе бил повлечен поради можни компликации со батеријата, којшто поседува послаби перформанси од оригиналниот модел и којшто би требало да претставува “искупување” за се што сè случило претходно, се сепак премногу за голем дел од корисниците. А за сумата од 700 евра пак и воопшто да не говориме.



Поголемиот дел од корисниците се согласни околу тоа дека цената на овој уред би требало да изнесува околу 400 евра, па многумина “галактичкиот император” и навистина би побрзале да го набават, бидејќи Note 7 како уред сам по себе навистина претставуваше вистинска ѕвезда во понудата на Samsung – нешто најдобро што сме имале можност да го употребуваме, вклучувајќи го тука и Galaxy S8.

Но, одлуката за високата цена на новиот Note 7 можеби претставува и тактичка одлука на компанијата Samsung – поголемиот дел од корисниците на Note 7 не сакале да го вратат својот телефон кога Samsung го побарал тоа од нив, па во компанијата сметаат на тоа дека корисниците, кога ќе ја видат цената, наместо по тој модел, би посегнале по моделите Galaxy S8 или Galaxy S8+. Со оглед на тоа дека многумина пак прифатиле и Note 7 замена за Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, ова можеби и има некаква смисла.

No comments

Powered by Blogger.