"New York Times" открива, Америка молчи: Кинеските власти ликвидирале 20 шпиони на ЦИА!

Пишува: Точка

"Кинеските власти ликвидирале најмалку десет доушници на американската Централна разузнавачка агенција во период од 2010. до 2012. година".

Кина така се справувала со разузнавачките операции на САД во Кина, пишува New York Times, повикувајќи се на изјави на поранешни американски службеници. Весникот пишува дека помеѓу 18 и 20 доушници на ЦИА биле убиени или затворени во Кина.
Еден од нив бил убиен пред очите на своите колеги во дворот на една од владините згради, наведува весникот. Според информациите од поранешните чиновници, САД ги регрутирале доушниците во "самата длабочина на бирократијата" на Пекинг.

Некои од нив биле кинески државјани, кои, како што сметала ЦИА, биле разочарани од кинеската влада. Сепак, на почетокот на 2011. година приливот на разузнавачки информации од Кина почнал да се намалува. ЦИА и ФБИ отвориле заедничка истрага по ова прашање. Еден од изворите на New York Times соопштил дека таа била водена под шифрираното име "Медојад".
Некои инспектори биле уверени дека кинеските власти успеале да ја откријат шифрата со чија помош ЦИА комуницирала со своите извори. Други сметале дека постои "крт" во самата разузнавачка управа. Кругот на осомничени, наведува весникот, се стеснил околу еден човек - поранешен соработник на ЦИА кој бил одговорен за Кина. Сепак, не биле собрани доволно докази за негово апсење.

Според зборовите на изворот, тој сега престојува во друга азиска земја. ФБИ и ЦИА не ги коментирале наводите на New York Times.

No comments

Powered by Blogger.