Најголема мистерија на светското воздухопловство: Русите забиле "MiG-29" во земја, причината неверојатна


Пишува: Точка

Пред 28 години, на првиот ден од изложбата на воздухопловниот саем Бурж кај Париз, се случила авио-несреќа на рускиот ловец "MiG-29", кој бил уништен, а пилотот минал само со полесни повреди благодарение на катапултирачкото седиште "K-36D", кое прв пат во живо ја демонстрирало својата ефикасност.

Имено, на 8. јуни 1989. година, советската делегација пред светската публика го прикажала својот фронтовски ловец "MiG-29" на првиот ден на изложбата, зад чии команди бил пилотот Анатолиј Квочур.
Тој ден, во 15:42 во летачкиот дел од програмата настапил пилотот Анатолиј Квочур и веднаш започнал со изведување на сложени маневри и фигури. По две минути Квочур прелетал над стазата на висина од 160 метри при минимална брзина од 180 километри на час, кога "MiG-29" почнал со кревање.
Во тој момент пилотот почувствувал удар во десниот мотор, по што дошло до нагло паѓање на притисокот. Откако Квочур успеал да го насочи авионот во безбедна насока, пилотот го напуштил авионот катапултирајќи се од леталото со помош на седиштето "K-36D".
Интересно е дека висината на која се наоѓал авионот изнесувала само 92 метри. Поради положбата во која се наоѓало леталото, пилотот од седиштето не бил исфрлен нагоре или хоризонтално, туку под агол надолу кон земјата, што било многу неповолно.
Пилотот успеал да се приземји со нецелосно отворена купола на падобранот, и за среќа, минал само со полесни повреди.

 
По падот на леталото многу се шпекулирало за причината. Треба да се каже дека имало разни теории, од кои една била дека Русите сами го исценирале падот, за да ја демонстрират способноста на седиштето "K-36D" пред западната публика и дека за тоа свесно го жртвувале леталото.
Претпоставките биле прекинати кон крајот на јуни, кога во Москва бил потпишан докуумент за причината за сопирањето на моторот. На основа на резултатите од истрагата, истражувањето на моторот, документацијата и прегледаните филмови, како и разговорот со самиот Квочур, дошло до заклучок дека главен виновник за падот е птица, која влегла во уводникот за воздух во десниот мотор.
Како доказ за тоа тврдење биле прикажани и фотографии, но и траги од крв и пердуви.
Оваа несреќа ја покажала оправданоста за вградување на два мотори во ловечките авиони. Имено, едномоторен авион во слична ситуација немало да издржи толку долго. Благодарение на вториот мотор, кој работел исправно, на пилотот му било овозможено речиси четири секунди да го контролира однесувањето на авионот.
Несреќата на "MiG-29", без разлика на оваа несреќа, не ја намалила вредноста на моторот "RD-33", ниту на авионот во целина. Седиштето "K-36D" ги собрало сите комплименти.
Советската екипа продолжила да ја демонстрира способноста на авионот до крајот на саемот.

No comments

Powered by Blogger.