Ако знаете да ја пресметате површината на овој триаголник, можете да работите во Microsoft

ПИШУВА: TОЧКА

Работа од соништата е второто име на Microsoft, барем доколку ја прашате компанијата и илјадниците луѓе кои аплицираат за работа секојдневно.

За интервјуто за работа во Microsoft се зборува на социјалните мрежи веќе долго време, а тука се појави и едно прашање, односно задача, која ја добило едно момче од Индија, а која ги заинтригирала сите кои сонуваат за ваквото работно место.

Prashan Bagdia на сервисот Quora ја поставил задачата која неговиот пријател ја добил на интервјуто за работа во Microseoft, а таа гласи вака:

"Правоаголен триаголник има хипотенуза 10 см, а висина над хипотенузата од 6 цм. Колкава е површината на триаголникот?"



Младиот пријател на интервјуто одговорил дека висината на триаголникот е 30 см, со формулата 1/2*6*10 и така веднаш ја изгубил својата шанса вработување во оваа компанија. Зошто?




Бидејќи овој триаголник не може да постои. Ако хипотенузата е долга 10 см, висината најмногу може да биде 5 см, ако краците на триаголникот се најдат под агол од 45 степени.

No comments

Powered by Blogger.