Го обновиле производството на стариот Hummer само поради богатите Кинези

Пишува: Точка

Hummer H1, којшто е за прв пат лансиран како цивилно возило во 1992-та година повторно се изработува во своето оригинално издание после десетина години од гасењето на производството.

Робустниот теренец којшто е базиран на американското воено теренско возило Humvee ќе се произведува во погонот на компанијата VLF Automotive во Мичиген, САД, а во план е до крајот на 2017-та година од фабричката лента да се симнат до 100 примероци од овој автомобил во верзијата C-Series.



Обновениот H1 ќе се продава во Африка, Европа, на Блискиот Исток и во Кина, а се очекува дека најголем број од возилата ќе завршат во рацете на богатите кинески купувачи, поради што официјалната премиера на старо-новиот Hummer е одржана токму на Саемот за автомобили во Шангај, во месец април.

Зад овој деловен зафат стои група од финансиери и бизнисмени, вљубеници во моделот Hummer. Тие за потребите на организацијата на производството и пласманот го ангажирале некогашниот потпретседател на General Motors, Боб Лук.



Возилото коешто е претставено во Шангај изгледа идентично како оригиналниот H1.

Купувачите може да бираат помеѓу една бензинска и три дизел верзии. Бензинецот е 6.2-литарски V8 со 430 КС, додека 6.5-литарскиот V8 дизел агрегат е достапен во верзии со 190 КС, 205 КС и 250 КС.



Цената засега сè уште не е соопштена.

No comments

Powered by Blogger.