Guardian: Русија плаќала медиуми во Македонија да шират пропаганда

Британскиот весник Guardian објави документи од разузнавачки служби според кои руските дипломати и шпиони речиси десет години ширеле пропаганда и предизвикувале несогласувања во Македонија. Документите сугерираат дека Москва се обидувала да го зголеми своето влијание во сите земји од бивша Југославија за да ги оддалечи од НАТО и од западното влијание.



Guardian документите ги обезбедил од меѓународната истражувачка мрежа Проект за известување за организиран криминал и корупција кои открија големи финансиски афери во светот последните години.



„Последните девет години Македонија е предмет на силна субверзивна пропаганда и разузнавачката активност во режија на руската амбасада“стои во документот подготвен за Владимир Атанасовски, директор на македонската Агенција за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Влијанието започнало во 2008 година кога Грција го блокираше обидот на Македонија за членство во НАТО.Протечениот документ исто така покажува како Русија го остварувала своето влијание.Внатре се вели дека три агенти од руските разузнувачки служби биле стационирани во Скопје и биле надгледувани од сестринската служба во Белград. Руската амбасада во Македонија исто така е дом на четири шпиони од руската воена разузнувачка служба ГРУ чии активности се координирани од Софија.



Новинарите на новинската агенција ТАСС и преставникот на „Росотрудничество“, државно културно тело,како што стои внатре, работат за разузнувачките служби на Русија. ФБИ воделe истрага за ова културно тело под обвинение дека се обидува да регрутира Американци за свои информатори.

Документот вели дека „руските дипломати се исклучително внимателни кога се среќаваат со своите контакти, често ги менуваат местата во последна минута, не користат мобилни телефони и употребуваат пасворди. Тие им понудиле кеш на македонските медиуми да шират информации и дезинформации“ стои во документот.

Руската амбасада исто така создала околу 30 македонско-руски асоцијации за пријателство , отворила културен центар во Скопје и спонзорирала изградба на руски ортодоксни крстови и руски цркви. Исто така се вели дека руските конзулати во Битола и во Охрид функционираат како бази за разузнувачите.

Резултатите од ваквото мешање на Москва, според Guardian се мешани. Русија беше гласен поддржувач на Груевски, но тој мораше да се повлече од премиерската функција по масовните протести.

Одделен документ го истражува состанокот во април меѓу рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак и Ненад Колев од Министерството за надворешни работи на Македонија. Шчербак изјавил дека цел на Москва е да креира група на воено неутрални земји на Балканот во која би биле Црна Гора, БиХ, Македонија и Србија. Тој ги опишал амбасадорите од НАТО како “чакали”, и рекол дека сега Русија е “водечка глобална политичка сила”.

No comments

Powered by Blogger.