"Game of Thrones" ќе се изучува на Харвард

Престижниот американски универзитет Харвард од есенва воведува курс Game of Thrones инспириран од популарната ТВ-серија, што укажува на влијанието на модерните феномени надвор од опсегот на популарната култура.



Студентите на Харвард од есенва ќе имаат можност да го посетуваат курсот "The Real Game of Thrones: From Modern Myths to Medieval Models" на кој ќе предаваат професорката по германски јазик и религија Раха Киракосијан и професорот по средновековни студии Шон Гилсдорф.

Киракосијан рече дека идејата за основање на курсот го добила од студенти кои честопати при читање на средновековни текстови правеле споредби со книгите на Џорџ Р. Мартин.

Наместо постојано да им објаснува дека серијата е инспирирана од историјата, а не обратно, таа решила са го насочи нивниот интерес кон подлабоко разбирање на литературата што ја изучуваат.

Ова е еден од најсовремените пристапи за изучување на историјата и на овој начин студентите ќе дознаат всушност колкава сличност има меѓу книгите, серијата и вистинските случувања во Средниот век.

No comments

Powered by Blogger.