Се појави нова верзија на Galaxy J7 (2017)


Нова верзија на претстојниот Galaxy J7 (2017) се појави на бенчмарк тестот GeekBench. Од тестирањето се открива дека овој модел на Galaxy J7 (2017) ќе работи со осум-јадрен Exynos 7870 процесор со Cortex A53 ARmv8 технологија, 3 GB RAM, 16 GB меморија, две 12 мегапикселни камери, како и AMOLED 5.5 инчен дисплеј со Full HD резолуција.

Овие спецификации на Galaxy J7 (2017) се многу подобри од првичниот тест, па се надеваме дека ова ќе биде и финалната верзија на смартфонот кој се очекува да пристигне на почетокот на летото.

No comments

Powered by Blogger.