Спремна е новата Galaxy J серија на Samsung!



Спремна е освежената Galaxy J серија на смартфони на Samsung се состои од три модели: Galaxy J7, J5 и J3. Galaxy J7 има издржлива батерија со 3GB RAM меморија, Galaxy J5 доаѓа со подобрена предна и задна камера од 13MP, заедно со сензор за отпечатоци на прсти. Galaxy J5 има можност за проширување на меморијата со помош на microSD картичка до 256GB, и процесор со брзина од 1.6GHz.

Galaxy J3 има внатрешна меморија од 16GB, исто како J7 и J5, како и зголемена работна меморија од 2GB, а може да снима и подобри фотографии отколку порано, со помош на подобрените 13MP на задната камера со прецизен автофокус. Новиот Galaxy J3 има додаток за безбедносната платформа Samsung Knox, која обезбедува содржина на телефони со напредна енкрипција на хардверско ниво.

Сите три модели имаат метален дизајн и Super AMOLED дисплеи со full HD резолуција. Galaxy J7 и J5 доаѓаат во Европа во јуни, а Galaxy J3 во јули. Цената за македонски услови се уште не е дефинирана, но наскоро ќе ја откриеме.

No comments

Powered by Blogger.