FX3X работеше на визуелните ефекти во The Mummy со Том Круз

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на филмот The Mummy со Том Круз што почнува да се прикажува на репертоарот во Cineplexx од денеска, 8 јуни.



Од денеска во киното Cineplexx ќе поче со прикажување најновото продолжение од франшизата филмови за древната легенда за Мумијата, легенда која ги фасцинира сите култури од почетокот на цивилизацијата.

Том Круз ја предводи новата спектакуларна кинематографска верзија на оваа приказна која е околу принцезата Ахманет (Софија Бутела) која е разбудена од нејзиниот вечен сон во гробницата далеку под пустинските дини, гневна бидејќи не може да си ја исполни судбината за која била предодредена, одмаздувајќи им се на луѓето кои ги смета за главни виновници.



За работата на овој проект, Кристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на FХ3Х изјави:

„ На филмот работеа околу 120 артисти во периодот од октомври минатата година до мај оваа година и иако можеби изборот на главниот глумец нема секому да му се допадне, филмот носи изненадувачки интензитет и адреналинска возбуда, и на еден нов начин нѐ вози низ светот на богови и чудовишта, префрлувајќи нѐ од песочните дини на Средниот Исток до тајните лавиринти под модерниот Лондон. Прилично сум сигурен дека ќе уживаме во спектаклот“, изјави Даниловски.

No comments

Powered by Blogger.