Анализа на американските експерти: Кој е подобар, F-35 или Su-35?

Пишува: Toчка

Американскиот специјализиран магазин National Interest предупреди дека еден од главните адути на американската авијација, авионот F-35 „нема што да бара“ во директен дуел со рускиот Su-35.

И покрај тоа што F-35 е борбен авион од најмодерната петта генерација, а рускиот Su-35 е авион од генерацијата 4++, влијателниот експерт Ни Дејв Маџумдар отворено напиша: „Перспективната воена машина на Lockheed Martin едноставно не е прилагодена за воздушни дуели со авиони кои што располагаат со тоа што располага рускиот Su-35“.

Маџумдар отворено го советува Пентагон, но и американските воени пилоти, доколку дојде до тоа, тие едноставно да ги избегнуваат дуелите против рускиот Su-35.

„Како би поминале четири F-35 кога би се соочиле со четири Su-35 авиони? Најдобро би им било да го променат курсот и да ги повикаат да им помогнат авионите F-22 и F-15. И покрај тоа што F-35 важи за суперсовремен авион, сепак и тој има недостатоци“, пишува тој.
„За F-35 единствената шанса за спас е најсовремената авио-електроника. Само таа авионика и малата воочливост на радарите му даваат шанса на тој авион да опстане во едно опасно опкружување“.

„Меѓутоа, тој чудо-авион од петтата генерација е немоќен во борбата еден на еден против рускиот Su-35. Во суштина, да повторам - пилотите на авионот F-35 треба на секој начин да ги избегнуваат воздушните битки“, порача Маџумдар.
National Interest пренесува дека руската воена авијација моментално има 64 Su-35 авиони, а до 2020-та година ќе добие уште 50 нови авиони од овој тип. Тој авион е плод на длабоката модернизација на Su-27.

Од друга страна, F-35 е „семејство“ на повеќенаменски авиони. Постои модификација за Корпус на поморска пешадија (F-35B), за воено воздухопловство (F-35A), како и палубен модел (F-35C) кој ќе влезе во употреба идната година.

No comments

Powered by Blogger.