"Еден ден ќе дознаеш сè": Што ѝ пишувал принц Чарлс на пријателката за својот брак со Дајана?

Пишува:  Toчка

Принцот Чарлс се допишувал преку писма со пријателката Ненси Реган, сопругата на поранешниот американски претседател Роналд.

"Нашиот брак е грчка трагедија", напишал во писмо од 21. јуни 1992. година принцот Чарлс, притоа мислејќи на сопругата, принцеза Дајана.



"Никој не може да разбере што значи тоа додека не му се случи. Еден ден ќе ти ја раскажам целата приказна", се скршил Чарлс, што изненадило многумина, бидејќи го познавале како многу храбар и отуѓен.



Неговите синови Вилијам и Хари неодамна и самите проговориле за смртта на својата мајка, но ни тие никогаш не знаеле за содржината на неговите писма, кои ги праќал до блиската пријателка, па дури сега дознале дека пател и нивниот татко.



Во писмата открил и дека бил горд на својата сопруга, која блескала на подиумот по повод инаугурацијата на Реган во 1985. година, кога танцувала со Џон Траволта.


No comments

Powered by Blogger.