Моника Белучи стана русокоса: Дали е сè уште најубавата жена во Холивуд? Светот е поделен

Пишува: Точка

Кога Моника Белучи че објави фотографија на Инстаграм, настанува општа конфузија во светот. Па така и овој пат...

Пред неколку дена не изненади со фотографијата на која ги откри своите совршено обликувани нозе и во 52-рата година живот, а сега следи ново изненадување.

Моника Белучи дел од своите следбеници воодушеви, а дел разочара со објавата на фотографија од нејзиниот нов имиџ - кратка руса коса.

Станува збор за перика, а фотографијата е направена за време на фотосесијата за новиот број на магазинот "Madame Figaro". Меѓутоа, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, нејзините следбеници се воодушевени од тоа како ѝ стои руска коса.

"Преубава! Би можела да си ја направи вака и вистинската", гласи еден од коментарите.
И да. Одговорот на прашањето во наслов е ДА. Актерката уште еднаш покажа зошто го носи епитетот "најубавата жена во Холивуд."
Во пресрет на познатиот филмски фестивал во Кан, кој започнува на 17-ти мај, со нетрпение чекаме да видиме што ќе ни подготви оваа година. До тогаш, Моника со Емир Кустурица во Рим вредно го промовира филмот "На млечниот пат" (/On the Milky Road 2016).

No comments

Powered by Blogger.