Итна акција на НАТО во Македонија: Во Брисел направиле план кој ќе го ослаби руското влијание во регионот, сè би требало да биде готово на пролет во 2018!

Планот е направен во Брисел, а Македонија за во НАТО ќе го користи името "FYROM", а до влегувањето во ЕУ ќе пронајде конечно решение во разговор со Грција.

Доаѓањето на Зоран Заев на премиерската позиција во Македонија би можело да поттикне и решавање на клучните препреки за влез на оваа држава во евроатлантските интеграции. Станува збор, секако, за спорот со Грција околу името, пишува Jutarnji.hr.

Имено, Атина одбивала да ги укине визите за Југославија, токму поради постоењето на Република Македонија. Грција смета дека станува збор за нејзино историско име и дека тоа ги манифестира територијалните претензии на поранешна Југославија кон Грција. Со распадот на Југославија, името Македонија станало "прашање на сите прашања" за Грција, која едно време дури и вовела копнена блокада.



Прва блокада

Но, подоцна ретерирала, ама останала цврсто на ставот дека Република Македонија не може да стане членка на ЕУ и НАТО. Од македонска страна не биле подготвени да прифатат влез во тие асоцијации под име Поранешна Југословенска Република Македонија, кое се користи во ОН. Така дошло до блокада која директно се рефлектирала на внатрешните односи во нашата држава, се засилувала националистичката струја и овој спор делумно е одговорен за неодамнешната криза која завршила со формирање на новата влада кон крајот на мај. Тогаш премиерот Заев ветил дека ќе ги засили економските реформи и ќе го забрза патот на Макеоднија кон ЕУ и НАТО. Дека неговите изјави не биле само пароли, прво потврдила руската агенција Sputnik, позната по своите блиски врски со Кремљ.



Тајни служби

Имено, неодамна биле објавени документи од македонските, но и некои други тајни служби, кои потврдиле дека во демонстрациите кои довеле до насилен упад во зградата на Собранието учествувале и припадници на српските тајни служби, и дека руската тајна служба работела на дестабилизација на Македонија со поттикнување на судири помеѓу Македонци и Албанци. Русија многу тешко го примила влезот на Црна Гора во НАТО, бидејќи така изгубила едно делче од сложувалката за засилување на влијанието на Западен Балкан, а Македонија требала да биде дел од руската сфера на интерес. Поради тоа одлуката на НАТО е сосема разбирлива. Заев, пак, ја покажал потребната флексибилност и најавил дека е подготвен на влегување во НАТО под името "FYROM", а дека преговорите за името со Грција ќе продолжат во склоп за приближување кон членство во ЕУ. Покрај тоа, членството во ЕУ е на подолга патека, и веројатно ќе му претходи формирање на економска заедница на Западен Балкан, која ќе ја поттикнат Берлин и Брисел.

Заев разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој му честитал на изборот и потврдил дека за Атина и натаму името Македонија е неприфатливо. Но, "FYROM", или некое друго име за Грција би било прифатливо.



За стабилност

Во владата на Ципрас очигледно сфатиле дека и на нив им штети нестабилноста во Македонија, па министерот за надворешни работи Никос Коѕиас изјавил дека "единството, интегритетот и стабилноста на северниот сосед се многу важни". "Тоа е наша главна грижа и сметаме дека решение на прашањето за името на креативен и демократски начин може да го олесни идниот смер на земјата", рекол Коѕиас.

No comments

Powered by Blogger.